Општи услови за користење
.
1. За нас
ИМОТКО ДООЕЛ Охрид (во натамошниот текст: „Имотко", „ние" или „нашата компанија") е оператор на дигиталната платформа за недвижнини www.imotko.mk (во натамошниот текст: „Платформата").
Правен назив: ИМОТКО ДООЕЛ Охрид
Адреса: ул. 8 Септември бр. 14А, Охрид, Македонија
ЕДБ: 4020026556738
ЕМБС: 7923783
Е-пошта: contact@imotko.mk
2. Прифаќање на условите
Со пристапување, регистрирање или користење на Платформата, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и прифатил овие Општи услови за користење (во натамошниот текст: „Условите") во нивната целост. Доколку не се согласувате со некој дел од Условите, Ве молиме да се воздржите од понатамошно користење на Платформата.
Имотко го задржува правото да ги измени Условите во секое време. Актуелната верзија секогаш е достапна на Платформата. Продолжувањето со користење на Платформата по влегувањето во сила на измените претставува прифаќање на ажурираната верзија.
3. Опис на услугите
Имотко е бесплатна дигитална платформа за огласување и пребарување на недвижнини на пазарот на Република Македонија. Платформата служи како врска помеѓу агенциите за недвижнини и поединците кои бараат имот за купување или закуп.
3.1 За поединци (физички лица)
Регистрираните поединци имаат пристап до следните функционалности:
Пребарување и разгледување на огласи за недвижнини
Претплата на персонализирани известувања за нови огласи
Поднесување барања за проценка на вредноста на имот
Примање персонализирани понуди директно од агенции
Пристап до анализи на пазарот на недвижнини
3.2 За агенции (правни лица)
Верификуваните агенции имаат пристап до следните функционалности:
Создавање и управување со агенциски профил
Објавување на неограничен број огласи за недвижнини
Обработка на барања за проценки и персонализирани понуди
Директна комуникација со потенцијални клиенти
Менаџмент систем за своите вработени
4. Регистрација и кориснички сметки
4.1 Поединци
Секое физичко лице постаро од 18 години може да создаде кориснички профил на Платформата на еден од следните начини:
Регистрација со е-пошта и лозинка
Регистрација преку Google Sign-In
По успешната регистрација, на корисникот му се испраќа порака за потврда на е-пошта адресата. Верификацијата на е-пошта адресата е задолжителна за целосно активирање на сметката. Линкот за верификација е временски ограничен. Доколку истече, корисникот може да побара нов.
4.2 Агенции
Агенциите за недвижнини и правните лица можат да поднесат барање за отворање агенциска сметка. Верификацијата на агенциска сметка се врши преку потврда на даночен број (ЕДБ) и е задолжителен предуслов за објавување на огласи.
Имотко го задржува правото да ја одбие, суспендира или раскине агенциската сметка доколку:
Внесените податоци се неточни или измамнички
Постои основано сомнение за злоупотреба или нелегална дејност
Агенцијата ги крши овие Услови
4.3 Единственост на сметката
Секој корисник и секоја агенција смеат да одржуваат само по една активна сметка на Платформата. Создавањето на повеќе сметки за иста личност или правен субјект не е дозволено.
5. Автентикација преку Google (Social Login)
Платформата нуди можност за регистрација и најава преку Google Sign-In (Google LLC, САД). При оваа автентикација, Google пренесува одредени основни податоци до Имотко — вклучувајќи го вашето ime, адресата на е-пошта и уникатниот кориснички идентификатор — во согласност со поставките на вашиот Google профил.
Овие податоци се употребуваат исклучиво за идентификација при најавата и управување со корисничката сметка. За деталите за тоа како Google ги обработува вашите податоци, Ве упатуваме на политиката за приватност на Google.
6. Правила за огласување
Право на објавување огласи имаат исклучиво агенции со верификувана сметка.
6.1 Точност и законитост на содржината
Агенцијата се обврзува дека:
Сите информации во огласот се вистинити, точни и актуелни
Огласува исклучиво имоти за кои има законско право или мандат (сопственик, застапник или брокер)
Ги деактивира огласите за имоти кои повеќе не се достапни на пазарот (продадени, изнајмени, повлечени)
Огласите се во согласност со позитивните законски прописи во Р. Македонија
6.2 Забрана за двојно огласување
Секој имот смее да биде предмет на само еден активен оглас на Платформата. Паралелното публикување на содржински идентични или суштински слични огласи за ист имот е забрането и ќе резултира со отстранување на дупликатот без претходна најава.
6.3 Правила за слики
Сликите мора да прикажуваат исклучиво огласениот имот
Не е дозволено преземање на слики од огласи на трети лица
Сликите не смеат да содржат логоа или контакт-информации на конкурентски платформи
Забрането е користење на заштитени слики без соодветна дозвола од носителот на авторското право
Имотко го задржува правото да ги отстрани слики кои ги кршат горенанаведените правила.
6.4 Видео содржини
Агенциите можат да приложат линк до видео на YouTube за дополнителна презентација на огласениот имот. Имотко не управува со содржините на YouTube и не сноси одговорност за нив. Со активирање на видеото, технички податоци (вклучувајќи IP адреса) може да бидат пренесени до Google LLC во согласност со нивната политика за приватност.
7. Забранети содржини
Без исклучок е забрането да се публикуваат огласи или содржини на Платформата кои содржат:
Навредливи, омразни, расистички, сексистички или дискриминирачки изрази
Клевети или содржини кои ги повредуваат угледот или правата на трети лица
Рекламирање на конкурентски платформи за огласување, аукции или е-трговија
Понуди за нелегални, забранети или строго регулирани производи и услуги
Порнографски содржини или материјал штетен за малолетници
Намерно лажни или заблудувачки информации со цел измама
Содржини исклучиво на странски јазик без превод на македонски
Имотко го задржува правото да отстрани секоја содржина за која оцени дека ги крши овие правила или законската регулатива, без обврска за претходно известување.
8. Известувања и комуникација
8.1 Системски известувања
Сите регистрирани корисници ќе примаат задолжителни системски известувања поврзани со нивната сметка (безбедносни упатства, промени на условите, статус на верификација и сл.). Овие пораки не можат да се откажат бидејќи се суштествен дел од услугата.
8.2 Маркетинг известувања
Корисниците кои дале изречна согласност можат да примаат маркетинг известувања преку е-пошта или push нотификации. Согласноста може да се повлече во секое време:
Преку линкот „Откажи се" во секоја маркетинг порака
Преку поставките на корисничката сметка
Со директно контактирање на contact@imotko.mk
По повлекувањето на согласноста, маркетинг пораките ќе бидат запрени во рок од 14 дена. Системските известувања продолжуваат да се испраќаат.
8.3 Комуникација преку WhatsApp и Viber
На Платформата постојат копчиња за директен контакт со агенции преку WhatsApp (Meta Platforms Ireland Limited, Ирска) и Viber (Rakuten Viber Luxembourg S.A.). Овие копчиња претставуваат директна врска до надворешни платформи кои Имотко не ги управува.
Со самоиницијативно кликнување на овие копчиња, корисникот свесно пристапува до надворешните сервиси и прифаќа дека неговите податоци (телефонски број, метаподатоци) ќе бидат обработени надвор од Имотко, согласно политиките за приватност на соодветните провајдери.
Имотко нема пристап до содржината на приватните разговори разменети преку WhatsApp или Viber.
9. Мапи
Платформата прикажува мапи базирани на OpenStreetMap преку библиотеката Leaflet со цел визуелизација на локацијата на огласените имоти. При прикажување на мапи, вашата IP адреса може да биде пренесена до серверите на OpenStreetMap Foundation.
Доколку не сакате вашата IP адреса да биде пренесена, можете да ги оневозможите мапите во поставките на Платформата. Исклучувањето на оваа функционалност нема влијание врз другите функции.
10. Заштита на лични податоци
10.1 Кои податоци ги собираме
При регистрацијата и користењето на Платформата, Имотко обработува:
Ime, презиме или назив на компанија
Адреса на е-пошта
Телефонски број за контакт (опционално за поединци, задолжително за агенции)
ЕДБ (исклучиво за агенции, не се прикажува јавно)
IP адреса
Технички податоци за уредот и пребарувачот
10.2 Цел и правна основа на обработката
Имотко ги обработува личните податоци за следните цели:
Исполнување на договорот — овозможување на регистрацијата, автентикацијата и пристапот до функционалностите
Законска обврска — усогласеност со прописите за заштита на лични податоди
Легитимен интерес — подобрување на безбедноста и квалитетот на услугата
Согласност — испраќање маркетинг известувања (само со ваша претходна согласност)
10.3 Чување на податоците
Личните податоци се чуваат само колку е потребно за остварување на целта за која се собрани. По бришење на корисничка сметка, личните податоци ќе се архивираат не подолго од 12 месеци, по кое период ќе бидат трајно избришани, освен во случај на законска обврска за подолго чување.
10.4 Безбедност на податоците
Имотко применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење, изменување или откривање. Сепак, ниту еден систем за пренос на податоци преку интернет не може да гарантира апсолутна безбедност. Доколку имате сознание за евентуална злоупотреба или нарушување на безбедноста на вашите податоци, Ве молиме веднаш да не известите на contact@imotko.mk.
10.5 Права на корисниците
Согласно Законот за заштита на личните податоци, вие имате право да:
Побарате увид во личните податоци кои ги чуваме за вас
Побарате исправка на неточни или нецелосни податоци
Побарате бришење на вашите лични податоци
Побарате ограничување на обработката
Ја повлечете согласноста за маркетинг во секое време
Барањата можат да се поднесат писмено на: contact@imotko.mk
За повеќе информации за обработката на личните податоци, посетете ја Агенцијата за заштита на личните податоци на Р. Македонија: www.azlp.mk
11. Политика за колачиња (Cookies)
Платформата користи колачиња (cookies) — мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред — со цел правилно функционирање и подобрување на корисничкото искуство.
Задолжителни: Суштествени за основното функционирање на Платформата
Функционални: Паметење на вашите поставки и преференции
Аналитички: Анонимна анализа на користењето за подобрување на услугата
Можете да управувате со колачињата преку поставките на вашиот веб пребарувач или преку банерот за колачиња на Платформата. Имајте предвид дека исклучувањето на задолжителните колачиња може да влијае на функционирањето на одредени делови од Платформата.
12. Одговорност
12.1 Одговорност на корисниците и агенциите
Корисниците и агенциите целосно ја сносат одговорноста за точноста, законитоста и содржината на информациите кои ги внесуваат и публикуваат на Платформата.
Со создавање на сметка и публикување на содржина, корисникот гарантира дека:
Внесените информации се вистинити и не ги кршат правата на трети лица
Нема да ја злоупотреби Платформата за незаконски или штетни цели
12.2 Ограничување на одговорноста на Имотко
Имотко е платформа-посредник и не е страна во трансакциите или договорите помеѓу агенциите и корисниците. Имотко не сноси одговорност за:
Точноста, комплетноста или законитоста на содржините публикувани од агенциите
Исходот на деловните трансакции помеѓу корисниците и агенциите
Привремена недостапност на Платформата поради одржување или технички проблеми
Штети предизвикани од неовластено користење на корисничка сметка поради немарност на самиот корисник
13. Безбедност на сметката и лозинката
Заради ваша безбедност, Ве советуваме:
Вашата лозинка да ја чувате строго доверливо и да не ја делите со никого
Да не ја повторувате истата лозинка на повеќе платформи
Редовно да ја менувате лозинката
Да ја активирате двофакторската автентикација доколку е достапна
Имотко нема да побара вашата лозинка преку е-пошта, телефон или пораки. Доколку добиете такво барање, третирајте го како обид за измама и веднаш известете нè на contact@imotko.mk.
14. Старосна граница
Платформата е наменета исклучиво за лица постари од 18 години. Малолетниците немаат право да создаваат кориснички сметки. Со регистрацијата, корисникот потврдува и гарантира дека ги исполнува овие услови. Доколку дознаеме дека сметка е создадена од малолетно лице, таа ќе биде веднаш суспендирана.
15. Суспензија и прекин на сметката
Имотко го задржува правото, без претходна најава, да ја суспендира или трајно да ја раскине сметката на корисник или агенција кои:
Ги кршат Условите за користење
Внеле лажни или измамнички информации при регистрација
Покажуваат признаци на злоупотреба на Платформата
Постапуваат на начин кој штети на другите корисници или на Имотко
По суспензијата или прекинот, корисникот го губи пристапот до Платформата. Содржините публикувани преку суспендираната сметка може да бидат трајно отстранети.
16. Надворешни линкови и платформи
Платформата може да содржи препраќања до надворешни веб-сајтови и услуги (YouTube, WhatsApp, Viber, Google и сл.). Имотко не управува со овие платформи, не ги одобрува нивните содржини и не сноси никаква одговорност за нивните политики за приватност или начинот на обработка на лични податоци.
Пристапот до надворешни линкови е ваш личен избор и се случува надвор од контролата на Имотко.
17. Достапност на платформата
Имотко вложува напори Платформата да биде достапна непрекинато, меѓутоа не гарантира целосна и безгрешна достапност. Платформата може да биде привремено недостапна поради:
Планирано одржување и ажурирања
Технички дефекти или надворешни напади
Надворешни фактори надвор од контрола на Имотко (виша сила, прекин на интернет услуги и сл.)
Имотко нема да сноси одговорност за штети предизвикани од привремена недостапност на Платформата.
18. Измени на условите
Имотко го задржува правото да ги ажурира и дополни овие Услови во секое време. За значителни измени, корисниците ќе бидат информирани преку e-пошта или преку истакнато известување на Платформата, најмалку 7 дена пред нивното влегување во сила. Актуелната верзија на Условите секогаш е достапна на Платформата. Продолженото користење на Платформата по датумот на влегување во сила на измените претставува прифаќање на ажурираните Услови.
19. Применлив закон и надлежен суд
Овие Услови се засноваат на и се толкуваат согласно законодавството на Република Македонија.
За сите спорови кои ќе произлезат од или во врска со користењето на Платформата, надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје. Имотко го задржува правото да ги остварува своите побарувања пред кој и да е друг законски надлежен суд.
20. Контакт
За прашања, забелешки или барања во врска со овие Услови, заштитата на лични податоци или употребата на Платформата, обратете се на:
ИМОТКО ДООЕЛ Охрид
ул. 8 Септември бр. 14А, Охрид, Македонија
Е-пошта: contact@imotko.mk
Со регистрирање и користење на платформата www.imotko.mk, потврдувате дека ги прочитале, разбрале и прифатиле сите услови наведени во овој документ.
